1ви мај во Бари 2026

23 – 26.05.2026

Бари, Италија

Бари – Алберобело – Пулија  24ти Мај 2026

23.05  –  26.05 3 ноќи / 4 дена

Програма

Ден 1 – 23.05 (Сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата во 20ч00 на Скопскиот аеродром. Полетување за Бари во 22ч00 Пристигнуваме во шармантниот град Бари  23ч00– срцето на регионот Пулија. Трансферот до хотел и сместување.

Ден 2 – 24.05 (Недела) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ & АЛБЕРОБЕЛО& ПОЛИЉАНО А МАРЕ

Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија:Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО,  како и Бари, главниот град на областа Пулија.
Разглед на градот со локален водич ке прошетаме кај  Базиликата на Свети НиколаКатедралата Сан Сабиностариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свевоелегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари.

Попладне продолжување кон  Алберобело е волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време. Попатно се упатуваме кон Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари. Ноќевање.

Ден 3 – 25.05 (Понеделник)

Појадок. Денес одиме на незаборавно патување до Матера, еден од најстарите населени градови во светот и европска престолнина на културата во 2019 година.Прошетка низ Sassi di Matera – антички населби и цркви издлабени во карпите, кои создаваат уникатен пејзаж што изгледа како филмска сцена. Посета на локални занаетчиски продавници и можност за дегустација на традиционални јадења. Попладне враќање во Бари. Последна вечер за да се прошетате покрај морето или да се опуштите со чаша локално вино во некој од рестораните и   Ноќевање.

Ден 4 – 26.06 (Вторник)

Појадок. Одјава од Хотел до 11ч00. Слободно време пред заминување за Скопје, можност за прошетка низ Бари.

Трансфер до аеродромот во 19ч30. Полетување кон Скопје во 22:30

Летови:

23.05.2026 | Скопје (21:55) → Бари (23:05)

26.05.2026 | Бари (22:40) → Скопје (23:50)

Информации

Цена за рана уплата: 369 евра по лице

Редовна цена: 469 евра по лице

Факултативни излети:

Полинјано а Маре & Алберобело– Траење: целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, слободно време за разглед– Главни атракции: панорамски видиковци, плажата Lama Monachile, трули куќички во Алберобело   70 евра 

Матера– Траење: полудневна/целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, влезници во одредени објекти– Главни атракции: Sassi di Matera, историски цркви, улички со занаетчиски продавници  80 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 130 ЕВРА ПО ЛИЦЕ:

Во цената е вклучено:

– Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 8кг

– Аеродромски такси

– Превоз аеродром – хотел – аеродром

– 3 ноќевања во хотел во Бари со појадок

– Организација и придружник

Во цената не е вклучено:

– Факултативни излети

-Trullo Sovrano во  Alberobello: € 3.00 по лице (,се плаќа на лице место)

– Туристичка такса 3 евра по лице на ден

Напомени:

За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ  и Ноа Турс