Лето во Хрватска

Лето 2026

Пореч, Хрватска

Авион 8 дена / 7 ноќевања

ПОРЕЧ е шармантен крајбрежен град на западниот брег на Истра, познат по својата богата историја, уредена
околина и жива летна атмосфера. Со своите тесни улички, медитеранска архитектура и разновидна туристичка
понуда, Пореч претставува идеална дестинација за сите генерации. Градот нуди одличен баланс помеѓу
релаксација, забава и културни содржини, создавајќи услови за пријатен и исполнет одмор.
Зелена Лагуна е модерен туристички комплекс опкружен со борова шума, кристално чистото море, спортски
активности и содржини за сите возрасти. Комплексот располага со уредени плажи (каменести, поплочени и
чакалести), долги шеталишта покрај море и бројни содржини за сите генерации.

1. Хотел Делфин

Хотел Делфин се наоѓа во Зелена Лагуна, на сама плажа, опкружен со зелена природа.

Хотелска соба за 2 – 3 лица
базен, детски воден парк и детски клуб
ресторан со шведска маса (појадок и вечера)
дневна и вечерна анимација, музика и забава
бројни спортски активности (тенис, велосипед, водени спортови)
полупансион (појадок + вечера)

2. Апартмани Астра

Апартмани Астра се наоѓаат во истиот комплекс со Hotel Delfin, во зелена и мирна околина, на сама плажа. Нудат комфор и приватност, двор, дневна соба со целосно опремена кујна и 2 спални соби.

апартмани со 1 дневна соба + 2 спални соби за 4 – 5 лица
кујна и тераса
мирна локација
идеални за фамилии
Гостите сместени во Astra апартманите ги користат услугите и содржините на Hotel Delfin (ресторан, базен и останати капацитети) и камп Zelena Laguna 
полупансион (појадок + вечера)

Информации

Цените се по лице на база полупансион и вклучуваат:
• Авио билет: Скопје – Љубљана – Скопје
• Организиран трансфер: Аеродром – Хотел – Аеродром
• 7 ноќи/ 8 дена со појадок и вечера
Услови за деца во Хотел ДЕЛФИН
• Дете (од 0 – 1.99год) – 85% попуст на цената по лице
• Дете (од 02 – 11.99год) – 60% попуст на цената по лице
• Дете (од 12 – 13.99год) – 50% попуст на цената по лице

Услови за деца во Апартмани АСТРА:
• Дете (од 0 – 1.99год) – 85% попуст на цената по лице
• Дете (од 02 – 4.99год) – 60% попуст од сумата на еден возрасен
• Дете (од 05 – 13.99год) – 50% попуст од сумата на еден возрасен

Услови за трет и четврт возрасен во Апартмани АСТРА :
• 25% попуст на цената по лице

Организирани факултативни прошетки: Пореч, Ровињ, Пула и Опатија во текот на престојот

Започнете го вашето незаборавно патување со Ноа Турс!

Од сончеви плажи до егзотични авантури, ние се грижиме за секој детал — сместување, авионски билети, превоз и трансфери. Само спакувајте се и уживајте, за останатото се грижиме ние.