- Почетна
- Лето во Хрватска
Лето во Хрватска
Лето 2026
Пореч, Хрватска
Авион 8 дена / 7 ноќевања
ПОРЕЧ е шармантен крајбрежен град на западниот брег на Истра, познат по својата богата историја, уредена
околина и жива летна атмосфера. Со своите тесни улички, медитеранска архитектура и разновидна туристичка
понуда, Пореч претставува идеална дестинација за сите генерации. Градот нуди одличен баланс помеѓу
релаксација, забава и културни содржини, создавајќи услови за пријатен и исполнет одмор.
Зелена Лагуна е модерен туристички комплекс опкружен со борова шума, кристално чистото море, спортски
активности и содржини за сите возрасти. Комплексот располага со уредени плажи (каменести, поплочени и
чакалести), долги шеталишта покрај море и бројни содржини за сите генерации.
1. Хотел Делфин
Хотел Делфин се наоѓа во Зелена Лагуна, на сама плажа, опкружен со зелена природа.
✓ Хотелска соба за 2 – 3 лица
✓ базен, детски воден парк и детски клуб
✓ ресторан со шведска маса (појадок и вечера)
✓ дневна и вечерна анимација, музика и забава
✓ бројни спортски активности (тенис, велосипед, водени спортови)
✓ полупансион (појадок + вечера)
2. Апартмани Астра
Апартмани Астра се наоѓаат во истиот комплекс со Hotel Delfin, во зелена и мирна околина, на сама плажа. Нудат комфор и приватност, двор, дневна соба со целосно опремена кујна и 2 спални соби.
✓ апартмани со 1 дневна соба + 2 спални соби за 4 – 5 лица
✓ кујна и тераса
✓ мирна локација
✓ идеални за фамилии
✓ Гостите сместени во Astra апартманите ги користат услугите и содржините на Hotel Delfin (ресторан, базен и останати капацитети) и камп Zelena Laguna
✓ полупансион (појадок + вечера)
Информации
Цените се по лице на база полупансион и вклучуваат:
• Авио билет: Скопје – Љубљана – Скопје
• Организиран трансфер: Аеродром – Хотел – Аеродром
• 7 ноќи/ 8 дена со појадок и вечера
Услови за деца во Хотел ДЕЛФИН
• Дете (од 0 – 1.99год) – 85% попуст на цената по лице
• Дете (од 02 – 11.99год) – 60% попуст на цената по лице
• Дете (од 12 – 13.99год) – 50% попуст на цената по лице
Услови за деца во Апартмани АСТРА:
• Дете (од 0 – 1.99год) – 85% попуст на цената по лице
• Дете (од 02 – 4.99год) – 60% попуст од сумата на еден возрасен
• Дете (од 05 – 13.99год) – 50% попуст од сумата на еден возрасен
Услови за трет и четврт возрасен во Апартмани АСТРА :
• 25% попуст на цената по лице
Организирани факултативни прошетки: Пореч, Ровињ, Пула и Опатија во текот на престојот
Започнете го вашето незаборавно патување со Ноа Турс!
Од сончеви плажи до егзотични авантури, ние се грижиме за секој детал — сместување, авионски билети, превоз и трансфери. Само спакувајте се и уживајте, за останатото се грижиме ние.
